Шест месеци рок за легализирање на дивоградбите

Сопствениците на дивоградби имаат рок од 6 месеци од донесувањето на новиот Закон за легализација да поднесат барање и да платат комуналии и казна од плус 50 проценти или ќе бидат урнати – тврди министерот Сугарески. Нема да можат да се легализираат загради, надградбите на зградите и терасите, но и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. 

  • Во рамките на охридскиот регион ќе можат да се легализираа само оние објекти кои преставуваат функционална целина до 1 октомври 2019 година и кои според студиите за оцена на влијание на животната средина и студиите за оцена на влијание врз културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности согласно УНЕСКО. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја на пример заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита национални паркови итн.се предвидува да се добие согласност за легализирање од органите надлежни за управување со овие подрачја – изјави Сугарески.

Министерот нема точни бројки колку нови дивоградби се изградени од 2011 до октомври 2019 година. По стариот закон се легализирани околу 240.000 дивоградби, а околу 100.000 се во процедура. Оние кои не доставиле документи на време, сега пак може да барат легализација, но не по 1 евро, туку по новите правила. Ослободени од плаќање ќе бидат само социјалците.

  • Точна бројка немам затоа не шпекулираме со податоци. Станува збор з апоголем број на предмети и намалено е последните две три години. Н еможеме да предвидиме колку од овие постоечкиве што не доставиле пример геолошки елаборат итн. во документаицјата ќе аплицираат како барање до општините бидејќи имаат и тие право. Пример не го фатиле рокот до 31.12.2018 година, фалел  еланборат било кој документ не бил доставен и практично тука барањето ќе биде одбиено секако  е сега со ова им ес дава можност во првите шест месеци да достават како ново барање – вели Сугарески.

Ќе можат да се легализираат гаражи, остави, базени во куќи, времени објекти во земјоделието како и нелегалните објекти на државниет институции. Сугарески, очекува  со овој закон да се стави крај на незаконското градење. Ги повика општините да ги појачаат инспекциите и да го применат законот кој и сега предвидува високи парични,и дури и казни затвор.Според Сугарески, легализација треба да заврши за максимум 5 години.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ