
За преговори со ЕУ потребна е имплементација на реформите, порачаа европратениците
Главната работа која и останува на Македонија е имплементација на реформите и тоа пред се во судството и борба против корупцијата. Со оваа порака денеска од земјава заминаа седумте члена од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент дојдени да го оценат напредокот на земјава во реформите и подготвеност за пристапни преговори со ЕУ.
„Сега остануваат уште неколи месеци до јуни кога Европскиот совет ќе реши дали ќе даде датум за старт на пристапни преговоро со ЕУ. Тоа е желба на мнозинството од македонските граѓани. Би сакал само да потсетам дека сега е време за концентрирање на овие национални цели и нема време за трошење на политичките разлики“, изјави европратеник Туне Келам, шеф на делегацијата од ЕП.
Келам иако ја пофали македонската влада дека се движи во вистинска насока и дека е свесна за приоритетите, сепак и порача дека нема време само за слевење на успесите, туку е време да се фокусира на суштината, а тоа е иднината на земјата.
„Се уште не е јасно дали Европскиот совет ќе биде едногласен во јуни за датум за старт на преговори со земјава, но ние ќе работиме на тоа да има едногласност… Претстојните избори ќе бидат многу важни. Ако се спроведат во атмосфера на национална согласност и на транспарнтне начин тогаш тоа ќе биде дополнителен аргумент за поддршка за Македонија. Затоа ви посакувам успех и нациоанлно единство и фокусирање на суштината во претстојните месеци“, изјави европратеникот Туне Келам.
И за неговиот колега, Илхан Кјучук, европарламентарец од Бугарија претстојните избори се клучни за земјава.
„Иднината на претстојните претседателски избори ќе биде клучна точка за демократизација на земјата“, изјави Илхан Кјучук, европарламентарец.
Келам денеска информираше дека делгациијата од ЕП разговарала и со владата и со опозицијата и дека и едните и другите се согласни дека европската интеграција мора да продлжи и дека реформите и новите закони треба да е донеста и да се имплементираат. Добрата вест е, како што рече тој, е што тие се подготвени да ја продолжат соработката во Собранието и во рамки на дијалогот Жан Моне.
Делегациијата од Европскиот парламент освен Македонија вчера ја посети и Албанија каде исто така го проверуваше степенот на реформите и подготвеноста за преговори за членство.
Тамара Грнчароска