
За предвремени избори може да се разговара само по приемот во НАТО, вели висок партиски функционер на СДСМ
Нема пазар за Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и статусот на СЈО, со предвремени избори, ниту со преминување на црвените линии.
За иднината на сите предмети на СЈО, без оглед во која фаза се, да одлучуваат правосудните органи и политиката да не се меша во изборот на обвинителите.
Тоа се цврстите ставови на СДСМ , тврди висок партиски претставник, во време кога во собранието тече амандманска расправа за законот за обвинителство.
Според истиот извор, работните групи постојано преговараат и има големи шанси за компромис. Но, не кажа низ какви решенија, со оглед дека токму за црвените линии на СДСМ, имаат сосема спротивни ставови со опозицијата. Планот Б не е посакувано решение.
За ветинг во судството може да се зборува по одлуката за датум за преговори со ЕУ. За ниту едни реформски проекти СДСМ нема да прифати услов да се предвремени избори, вели висок функционер од партијата.
За нив може се разговара само по самитот за прием во нато, во декември. И тоа, изборите да се одржат во втората половина на октомври 2020 година, е ставот на СДСМ.
Б. Христов