За пет години во Македонија 203 жени умреле од кацрином на грло на матка

Пред точно девет години на Катица Стефановска  и бил дијагностициран рак на дојката. Главниот проблем сега и е тоа што нема термин за мамографија, па се сомнева колку здравствениот систем води грижа за болните од рак кои мораат да прават чести контроли.

-Значи од сега од кога бев во ноември цело време закажувам за мамограф и ехо и ти викаат чекај нека помине Нова година, чекај нема отворено тетратка, чекај па рано ти е. А треба повторно да направам во октомври по една година, раскажува Катица Стефановска.

За пациентите исто така се товар и прегледите кои мораат да ги направаат дополнително, а немаат доволно пари и сметаат дека болните кај кои е дијагностициран рак треба да не плаќаат за овие дополнителни контроли.

-Јас да направам магнетна резонанца одам на шалтер и ми вика 900 денари. Значи 900 денари за мене се многу пари, а јас немам никакви примања. Ни инвалидска пензија ни боледување, вели Јованка Бубало.

Според истражувањето на здружението ЕСЕ за пет години во Македонија умреле 203 жени со дијагностициран карцином на грло на матка. Бројот на починати секоја година се зголемува за 6 %. Министерот Филипче најави набавка на осум мамографи за јавно здравствени институции  ширум земјава и современа терапија за болните од рак, укинување на партиципација со што би се олеснила состојбата во која се наоѓаат пациентите .

-Ги зајакнваме капацитетите во смисла на поставување регистар за малигни болести за прв пат во нашата земја, како за пациентите кои се лечат во болница така и за пациентите на нивните места за живеење за да се справиме со големиот процент на малигни заболувања во нашата земја, смета Венко Филипче, министер за здравство.

Сепак ваквите најави го отвораат и горливото прашање за недостиг на стручен кадар.

-Според моите сознанија во дијагностиката на промените на дојката кај жените не е проблем веќе опременоста на објектите ние имаме доволно мамографи, доволно ехо апарати за дијагностика, ние немаме персонал, немаме кадар, вели Душко Филиповски, Здружение на приватни гинеколози.

Редовните прегледи и раното дијагностицирање го продолжуваат животот на на пациернтите со малигни заболувања и ги намалуваат трошоците за скапото лекување.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ