
За пензионерите во Тетово нема кој да се грижи
Тетово една од најголемите општини во Македонија со голем број на пензиониери, се децении нема институционална грижа за старите лица. Изнемоштени и оставени сами, за нив нема кој да се грижи, затоа што во градот нема Дом за стари лица.
Од Здружението на пензионери на Тетово, велат дека потребата од дом е непоходна. Кај нив постојано доѓаат лица, кои бараат покрив над глава и нега.
Голем дел од нив ги препраќаме во другите градови во Македонија, најзагрозените претежно со помали примања ги сместуваме во собите со кои располагаме. Но таму нема никакви услови, нити пак здравствена и негувателска грижа, затоа и голем дел од нив веќе ги напуштиле нашите простории, велат од здружението.
Азиси вели дека за изградба на Дом за стари лица повеќе пати се обратиле до Општина Тетово, но и до Центарот за полошки плански регион. Но оттаму со години не добиваат никаков одговор.
И министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потврди дека општината не покажува добра волја за згрижување на стари лица. Таа рече дека Општина Тетово не доставила никаков проект и документи на јавниот повик упатен од министерството до локалните самоуправи за изградба на старечки дом.
Од Општина Тетово не добивме одговор зошто не се одзвале на повикот на министерството, и како планираат да го решат проблемот на тетовските пензионери, чија бројка достигнува и до 13 000 лица.
Зоран Димовски