
За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого
Заврши четиричасовната средба во Министерството за правда на која власта и опозицијата ги усогласуваат ставовите околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство, кој е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија.
За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вечерва Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Министерката Рената Дескоска рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, бидејќи според стратешките определби СЈО треба да продолжи како Обвинителство, а не како одделение.
Друга клучна разлика е разликата околу судбината на истрагите кои што се во тек од страна на СЈО предистражни постапки и обиненија кои што се покренати по истекот на 18-те месеци од предавањето на материјалите. Според Дескоска тоа може да доведе до губење на доказите и опасност од амнестии.
Сребата ја следеше Далиборка Демјанска.