
За невладините, некоординираност на инсистуциите е проблем во решавање на загадувањето
Два заклучока од Советот за безбедност посветен за загадувањето на воздухот. Првиот го изнесе шефот на државата, Стево Пендаровски, дека постои совпаѓање кај сите институции за урегентноста за решавање на ова прашање, а вториот го искажаа граѓанските организации кои беа поканети на состанокот, а тоа е дека нема координциља меѓу институциите за решавање на овој проблем.
Според претседателот за ова прашање не можат да се постават рокови, бидејќи никогаш не може да кажете дека е се совршено или исполнето, бидејќи секогаш може повеќе. За претседателот Советот за безбедност ја исполнил својата цел, а тоа е соочување на аргументите на надлежните со граѓанскиот сектор и давање импулс и поголема јавност за третирање на ова прашање.
За невалдините некоординираноста на институциите е најголемиот проблем за решавање на проблемите.
Нивните претставници кои учествуваа во Советот за безбедност информираа дека на состанокот била отворени многу прашања како состојбата со хемикалиите во ОХИС, прашањето со Шарпланина и малите хидроцентрали, РЕК Битола и други.
Тие како што рекоа нема да ги чекаат институциите да реагираат бидејќи роковите за реакција одамна поминале и најавија дека ќе останат на улица, каде веќе во два наврати организираа масовни протести поради аерозагадувањето.
Тамара Грнчароска