За некоја минута почнува прес – конференцијата на Јанева, следете ја во живо на ФБ на Телма

Во просториите на СЈО, обвинителката во оставка Катица Јанева во 13 часот ќе одржи прес- конференција.

Прес- конференцијаја ќе можете да ја следите на страницата на Фејсбук на Телевизија Телма.

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2385156304873131/

Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство. Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење.

Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ