
За најдобриот студент нема место во МВР
Кој се грижи за безбедноста на граѓаните во МВР е познато, но исто така на виделина излезе за кого немало место во редовите на идните детективи на последниот јавен оглас. Минатата есен се пријавиле 2000 кандидати за 46 места, но за двајцата најдобри студенти од катедрата за безбедност, одбрана и мир на филозофскиот факултет немало место.
За да ја увери јавноста, но и самиот премиер кој ветувал дека најдобрите студенти ќе имаат можност за вработување, Браими за Телма ја покажа дипломата. Иако има 10-ка за предемтот Менаџирање на човекови ресурси, овој солиден студент се сомнава дека во менаџирањето,пак, на министерството одново се вмешала политиката.
За МВР студентскиот просек не значи ништо и не е предуслов за засновање работен однос во таму. Нужно за нив е да ги освои бодовите во три категроии.
„За резултати од писмено тестирање (стручен испит) се добиваат 20 бода, за резултати од психолошки тест – 40 бода и за резултати од интервју – 20 бода. Оттука, бодирањето на кандидатите не се врши според просекот што секој кандидат поединечно го имал и го стекнал во своето образование“, велат од МВР.
Кој е подобар од Браими ќе покаже времето минато во службата, но тој нема да биде сведок, бидејќи веќе размислува да ја напушти државата, и шансата да ја бара во некоја од западноевропсктие земји. Ако дипломата и високото образование не се предуслов за влез и напредок во службата, тогаш зошто министерот Оливер Спасовски се фали во јавноста дека октрил 3- -тина фалсификувани дипломи , а најавува и ветинг за за сите полицајци, го завршува разгворот 25 годишниот скопјанец , Ерблин Браими.
Павле Беловски
Дополнителна писмена реакцијаод МВР по емитувањето на сторијата. Во МВР беа откриени повеќе случаи на фалсификувани дипломи, заради што ќе се сложиме дека дополнителните проверки и тестирања се исто така релевантни за проверка на знаењето на кандидатите. Со цел јавноста да не биде манипулирана, конкретниот случај ќе го провериме и лицето Ерблин Браими ќе го известиме за резултатите од неговото тестирање – соопштија од МВР.