
За македонските лингвисти бугарските напади против македонскиот јазик се срамни
И јазикот. Јазикот е поврзан со тоа. Има толку документи дека македонскиот јазик е напишан 1945 година врз основа на западно-бугарскиот дијалект, а со тек на време променета е малку нивната граматика, со одредени додатоци од други соседни земји. Српскиот ? Да….
Ваквиот став на бугарските политичари воопшто не ги изненадува македонските лингвисти. Денешниот ден е добар повод да потсетиме дека 75 години се бориме со небулозите на бугарската наука и конечно треба се повлечат црвените линии, вели проф. Симона Груевска – Маџоска.
Овие напади од страна на бугарската наука се срамни и претставуваат обичен фашизам. Мислам дека сите интелектуалци, вклучително и нашите политичари треба силно да застанат против ваквиот став на Бугарија. Став кој што нам лингвистите и историчарите сите кои се занимаваме со наука ни е познат.
Во континуитет бугарската наука инсистира дека македонскиот и бугарскиот јазик се еден ист јазик, додава Груевска Маџоска. Сепак време е да ги погледнеме реформите во бугарскиот јазик за нештатата да бидат појасни, вели таа.
Правописната реформа или комунистичката правописна реформа од 1945 година на бугарскиот јазик ја следела линијата на Лениновата реформа на рускиот јазик од 1918- та година и реформата од 1921 та година. По превратот во септември во 1944- та година Управата на Отечествениот фронт назначува Комисија од лингвисти и писатели за да направи реформа на бугарскиот Правопис.
На барањето на Бугарија во Преговарачката рамка со Европската комисија наместо македонски јазик да се користи терминот „службен јазик на Република Северна Македонија“ реагираа повеќе домашни лингвисти и историчари кои забележаа дека до сега веќе требаше да бидат поставени црвените линии и крајно време е некои прашања да го добијат соодветното внимание не само на Денот на македонскиот јазик туку во континуитет.
Нина Стефанова