Република Илинденска Македонија неприфатливо име за грчката опозиција

 

Ципрас денеска го информираше државниот и политички врв на Грција за договор постиган во Софија. Лидерот на грчката опозициска партија „Неа демократиа“, Кирјакос Мицотакис, имал телефонскии разговор со премиерот Алексис Ципрас во кој бил информиран за предлогот за кој разговарале двајцата премиери во Софија и веднаш го отфрлил оценувајќи го како  иредентистички.

„ Секое повикување на Илинден во името на соседната земја, не само што нема да  стави крај на македонскиот иредентизам, туку го потврдува и го зајакнува. Затоа е дури и неприфатливо да се дебатира“, вели Мицотакис

Сличен став има и Евангелис Венизелос кој според грчките медиуми зборувајќи во парламентот предлогот го оценил како „олицетворение на иредентизам“.

Предлогот го одбија и останатите опозициски партии.

Од друга страна пак грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, по средбата со премиерот Ципрас која траеше околу еден час и на која беше брифиран за текот на преговорите и последниот предлог, изјави дека  бара широк политички консензус околу предлогот за името.

Премиерот Ципрас пак,на почетокот на средбата со со престедателот Павлопулос рече дека процесот на преговори се наоѓа во критична фаза за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името и додаде дека и тој очекува консензус но и компромис за да може решенијата да издржат низ времето.

„ Ги браниме основните аспекти на националната линија за изнаоѓање заемно прифатливо сложено име, кое ќе биде за севкупна употреба за што предуслов е уставна ревизија, промена на уставното име, но и уставна ревизија што ќе доведе до гаранции за елиминирање на секаков облик на иредентизам“, рече Ципрас

По средбата во престедателската палата грчкиот премиер не даде официјална изјава. Тој, како што беше најавено, ја почна серијата разговори со лидерите на политичките партии, кои ќе ги пбрифира за предлогот договорен со премиерот Заев во Софија но засега нема никакви реакции од останатите политички субјектни ниту пак дали се солгласуваат или го отфрлаат неофицијалниот предлог Република Илинденска Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ