За eксразузнавачите Грујевски и Бошковски посоти правна можноsт Грција да ги врати во Мaкедонија

Грција нема да ги екстрадира, но може да одлучи да не го задржи бегалското дуо, ексразузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски на нивна tериторија. Откако Врховниот суд го одби барањето за екстрадиција, сега на потег е комисијата која може да им го одбие барањето за азил. Во тој случај Горан Грујевски и Никола Бошковски според шенгенските правила ќе имаат право на 90 дена непрекинат престој. Потоа мораат да ја напуштат Европската унија, или во спротивно, ако ги застане полиција веднаш ќе ги депротира во Македонија, велат познавачите на правото.

Комисијата се уште нема закажано термин по барањето за азил, а до тогаш Грујевски и Бошковски се слободни граѓани во Грција. Одбивајќи ја екстрадицијата Грција покажа почитување на Европската конвенција за човекови права или тајно се договори со ексразунавачите, сомнеж фрла универзитетската професорка Гордана Силјановска.

Силјановска не ја отфрла можноста по патот на бегалците за Грција да тргнат и останатите двеасетина аболицирани политичари, дел од нив гонети од Специјалното јавно обвинителство. Или,пак, пред макеоднските судови да се повикуваат на „повлечената“ аболиција од Иванов, за која тогаш не се изјасни Уставниот суд и со тоа остави можност аболицираните да се повикуваат до судот во Стразбур, смета пензионираниот врховен судија Дане Илиев.

Врховниот суд во Грција се повика на аболицијата за овие лица од претседателот Ѓорѓе Иванов, барем така јавноста се информираше од адвокатите. Сепак, правниците чекаат да се објави одлуката за да можат да се видат сите аспекти на одлуката. Соменж фрли изјавата од Министерството за правда дека грчкиот суд не побарал дополнителни информации за аболицијата на Иванов.

Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски се само дел од аболицираните политичари од Иванов кои СЈО кривично ги гони.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ