За една недела ќе пристигнат пасошите од Германија

За една недела се очекуваа да пристигнат пасошите од Германија, согласно комуникацијата на Министерството за внатрешни работи со фирмата Веридос која ги изработува , најави министерот Наќе Чулев .

“Согласно договорот пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март. Ќе бидат задоволени сите потреби. Како МВР уште сега имаме план за зголемен број извршители во издавање и изработка на пасошите. Согласно со капацитетите на Министерството што значат производство на патни исправи, дневните можности се до три илјади пасоши така што со оглед дека има побарувачка од 27 до 28 илјади пасоши сите потреби би се задоволиле до 10 дена” – изјави министерот Чулев

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ