За еден месец пожарите оставија десетина семејства без кров на глава

70 годишната Рајна Стојменовска од селото Косевица во Македонска Каменица остана без својот дом. Откако гром удрил во непосредна близина, огнените јазици го проголтеле. Пожарот почнал од подрумот, а надлежните сметаат дека причина е неисправна и стара електрична инсталација. Пожарникарите брзо реагирале, но спас за старата куќарка немало.

Баба Рајна живее сама, нема деца и кој да и помогне. Низ солзи ги гледа црните остатоци, бидејќи се што имала е пеплосано. Цел живот го поминала во оваа планината пасејќи си го добитокот. Кров над главата сега  и е шталата. Помош бара и тоа да се изгради барем една собичка.

Рударскиот град Македонска Каменица повторно ја покажува својата хуманост и во овој случај. Хуманистот Дарко Гоцевски формираше фонд за донации за Рајна Стојменовска. Досега се собрани 1.600 евра, а остануваат уште само два дена за донирање.

После дождот, доаѓа сонце се нарекува Фондот за донации и може да се најде на социјалните мрежи. Изминатиот месец во источниот регион освен домот на баба Рајна од Косевица изгореа  два стана во Берово и четири куќи во штипскиот регион. Според надлежните во речиси сите случаи причината  е неисправната и стара електрична инсталација.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ