За болните од рак нови и скапи лекови во 2019-та

35 милиони евра повеќе од лани ќе имаат за трошење пациентите осигуреници на фондот за здравство, а и во 2019-та нема да се одвојуваат вонредни средства за лекување во странство. Последниот ден од годината министерот за здравство Венко Филипче и директорот на фондот за здравство го искористија за да соопштат нов голем тендер. Наместо 15 до 20  набавки годишно, министерствотво ќе потроши 17 милиони евра одеднаш за да набави лекови за болните од рак на 4 клиники.

Откако ќе се набават, ќе се стават на позитивна листа. Дел од лековите се новитет и никогаш до сега не биле користени во земјава. Директорот на фондот во заедничкиот обраќање соопшти дека место ланските 465 милиони, за 2019-та се планирани рекордни 500 милиони евра буџет. Нјманогу пари ќе отидат за покачените плати на белите мантили и новите вработувања, а поместувања нема во  лекувањата во странство.

Филипче застана во одбрана на  Дончев и соопшти дека и покрај ветувњата на премиерот Зоран Заев, напорите на министерството е пациентите да се лечат овде, лекарите да се обучуваат, и да се отвораат модерни медицински центри. Ја вети првата фрлена лопата за нов клинички и градска болница на местото на мајчин дом, а на граѓаните им порача да бидат внимателни со петардите, алкохолот и храната во претстојната 2019-та.

2018-та година ќе остане впишана како година на егздосуот на лекари во западно европските земји со неколку стотици иселувања, скандал околу набавката на реагенси за лабараториите, поскапување на паркингот како и парцијлани вложувања во инфраструктурата. Клиниката за ортопедија во новата година ќе влезе со три реновирани операциони сали.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ