
За Боемска се пишува прекршочна пријава за Мицкоски по неговото признание, за снимките од теретаната откриени разлики со објавените
За Христијан Мицкоски и останатите кои со него биле внатре во ресторан на улица Боемска ќе следуваат прекршочни пријави, најавуваат од СВР Скопје. Од друга страна скопската полиција ја затвори истрагата за случајот теретана и се утврдени евидентни разлики меѓу снимките кои беа објавувани по социјалните мрежи и оние реалните. Доказите се предадени во скопското обвинителство каде ќе бидат разгледани.