
За 20 години правата на македонските работници скратени 60 пати
Во изминатите 20 години правата на македонските работници се скратени 60 пати. Анализите на поранешниот прв штипски синдикалец, а сега универзитетски професор по Трудово право, Андон Мајхошев говорат дека недостасува социјалниот дијалог, а работниците се помалку штрајкуваат. Револтот го искажуваат преку социјални протести. Неговите анализи говорат дека од 2005 до 2019 година имало 107 штрајкови, наспроти 250 социјални протести, бидејќи не се синдикално организирани.
Во услови на пандемија работничките права се кршат многу, оцени Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Токму и денеска на Денот на трудот некои работнички го прославуваат на своите работни места. Смета дека штанцањето на дозволите за време на полицискиот час дозвлува да се работи и прекувремено.
Во последните неколку години работниците се охрабруваат и поднесуваат претставки до инспекторатите, невладините и синдикатите. Но, според Мајхошев и Ампева мора да се донесе новиот Закон за работни односи, веднаш по завршување на кризата.
Според Ампева мора и да се прецизираат и надлежностите на институциите и на инспекторатите и да се знае, којшто работи и на кого да се обраќаат.