За 20 години – бројот на новороденчиња во Гостиварско е преполовен

Во текот на две декади бројот на новороденчиња на гостиварското подрачје е преполовен.

Трендот на исселување продолжува, а тоа го потврдува бројката од 375 бебиња запишани годинава во матичната служба во Гостивар, кои мајките ги родиле во странска држава.

Од своето дваесетгодишно искуство во гинеколошкото одделение во Гостивар, доктор Јакупи оценува дека бројот на раѓања е преполовен.

Ако порано годишно на одделението имало по 1.200 до 1.300 новороденчиња, последните години бројката се движи околу 650 до 700.

Во 2019-та до сега, во Гостивар се породиле 476 мајки, што е за 38 помалку од лани.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ