Второстепената комисија со рекација за одлуката на Управниот суд
Државната комисија за одлучување за управна псотапка и постапка од работен однос во втор степен посочи дека откако „Еуромакс ресурсис“ поднеле тужба до Управниот суд, судот истата ја уважил на 31 март годинава и го поништил претходното решение на второстепената комисија.
Таквата пресуда на Управниот суд е доставена до архивата на Државната комисија без печат на правосилност, со оглед на фактот дека е уште сме во вонредна состојба, а според тоа и согласно со уредбата на вонредната состојба, во оваа ситиуација – произлегува дека роковите кои се определени за преземање на одделни дејствија во постапката, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба, вели претседателката на државната комисија Даница Чадиева.
Од изнесеното произлегува дека веднаш по завршување на вонредната состојба, Државната комисија ќе пристапи кон постапување и одлучување во конкретниот случај.