Вториот пакет мерки за помош на економијата ќе се носат на една од наредните владини седници

Владата соопшти дека денеска заседавал Економскиот совет во проширен состав при што се разгледувале предлог-мерките од вториот пакет за ублажување на економските последици предизвикани од Корона вирусот. Нема детали што содржи вториот пакет мерки, но се најавува дека тие ќе бидат донесени на една од  првите наредни владини седници. Стопанството побара помош за исплата на платите, пролонгирања на плаќањето на давачките кон државата како и финансиска инекција за да може да ја преброди кризата.

„Членовите на економскиот совет ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоки и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.“-соопшти Владата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ