Вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка без ограничување на дејностите

Вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната од веќе од среда ќе им биде достапен на микро, малите и средни компании. Во овој пакет нема ограничување на дејностите кои може да аплицираат за разлика од првата линија. Еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти.

Кредитите се бескаматни, рокот на отплата е до три години со грејс период од 12 месеци. На нула се сведени и трошоците кон Развојната банка. Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра.

Сумата ќе се определува според бројот на вработени кои компанијата го имала заклучно со 31 јануари така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци. Средствата во висина од осум милиони евра се обезбедени преку компензациониот фонд на Јапонија.

Еве ги изјавите на Кире Наумов, Директор на Развојна банка на Северна Македонија и Марија Бопковска – Јанковска, директор на Централен Регистар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ