
Втор состанок на Координативното тело за помирување, поканет и Заев
Собраниското координативно тело за помирување денеска треба да го одржи вториот состанок, на кој е поканет премиерот Зоран Заев да ги образложи своите гледишта.
На првиот состанок што беше одржан пред два дена членовите постигнаа согласност за формирање три работни подгрупи и за динамиката на работата на ова тело.
Копретседавачот на телото, потпретседателката на Собранието Фросина Ременски по состанокот рече дека ваквите одлуки се донесени во интерес на процесите што претстојат, а со цел промовирање атмосфера на комуникација и соработка во контекст на евро-атлантските интеграциите. Подгрупите ќе имаат можност да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес. Во однос на амнестијата за настаните од 27 април, се уште нема подготвен нацрт закон. Од координативното тело велат дека во моментов се во фаза на изнесување предлози и сугестии за можни решенија во однос на амнестијата.