
Втор ден снег низ цела Македонија
Снежниот бран кој го зафати Балканот, втор ден е присутен на теритојата на цела Македонија. Снегот паѓа со различен интензитет низ целата држава, а сообраќајот се одвива по зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег, а поради ниските температури постои опсност од голомразица на одредени патни правци. Од Центарот за управување со кризи известуваат дека селата Брест, Танушевци и Малино сеуште се отсечени поради непроодниот пат и немаат струја неколку дена. Непроодни се и патиштат во повисоките палнински села во општините Самоков, Лозово и Ранковце. Од ЈСП известуваат дека поради снегот не сообраќаат автобусите до Средно Водно и нерези и приградските линии 64, 74, 80 и 81. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека снегот ќе продолжи да паѓа со намален интензитет и во текот на утрешниот ден, а потоа следува три дена стабилно и студено време без снег.
Од Град Скопје известија дека денеска и вчера поради снегот на сите улици во надлежност на градската управа биле фрлени 355 тони сол, а за останатите улици се надлежни општините. И општинарите се фалат со исчистени улици, но еве што мислат граѓаните.
Таксистите се оние кои возат по сите населби низ градот, и тие велат дека главните булевари се чисти, но не е така и по останатите улици.
Од Републичккиот совет за безбедност во сообраќајот апелираат за внимателно возење во зимските услови, задолжителна зимска опрема во во возилата и прилагодување на условите на патот.
Јордан Дуков