Втор ден скрининг-процес за пристапување во ЕУ

Во Брисел денеска продолжува скрининг-процесот за пристапување во Европската унија. Скринингот почна со Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права.

Во Европската комисија во Брисел се наоѓа 40-члена делегација составена од експерти од надлежните државни институции кои имаат надлежности во дадената област.

Во досегашниот ангажман административната структура, успешно ги имплементираше обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а се потготвува и за процесот на преговори.

Скринингот е детален аналитички преглед на Европското законодавство во сите 33 поглавја, односно целокупното европско закондавство, што ги вклучува основачките акти на ЕУ, како и сите регулативи, директиви, одлуки, правна практика, но и меѓународните акти кон кои пристапила ЕУ во рамките на ОН.

Аналитичкиот преглед за сите 33 поглавја ќе трае една година. Во овој период вкупно над илјада експерти ќе учествуваат на 33 објаснувачки сесии на аналитичкиот преглед на европското законодавство кои вкупно ќе траат околу 70 работни денови.

Според новата преговарачка методологија на Европската унија, поглавјето 23 заедно со 24 за правдата и безбедност, први се отвораат и последните се затвораат, оставајќи и на ЕУ можност во текот на целиот процес да бара дополнителни напори од земјата кандидат за членство.

Во овој дел опфатени се реформите за судството, јавното обвинителство, начинот на управување со предметите, одговорност на судии и обвинители, судскиот совет, совет на јавни обвинители, борбата против корупцијата.

Скринингот трае околу една година и се спроведува врз основа на изготвен распоред од страна на Комисијата. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за почнување на преговорите, по препорака на Комисијата.

За два месеца, во текот на ноември, треба да се одржи вториот состанок, овојпат посветен на поглавјето 24 наречен „правда, слобода и безбедност“.

Според новата методологија на преговори со ЕУ, воведена по последниот бран проширување, сите нови земји кандидати задолжително започнуваат со овие две поглавја, клучни за консолидирање на владеењето на правото, човековите права и правдата.

Македонија од 2005 година е кандидатка за членство во ЕУ.

Во 2009 година, по неколку продлабочени реформи во клучните области, ја доби првпат и препораката на Европската комисија, паралелно и со либерализираниот визен режим. Oттогаш наваму девет пати по ред, заклучно и со оваа препорака во 2018 година, ЕК препорачува Македонија да ги почне пристапните преговори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ