Вселенската патријаршија го разгледува барањето на МПЦ-ОА

Вселенската патријаршија го разгледува барањето на поглаварот г.г.Стефан, да се признае автокефалноста на македонската црква како Охридска архиепископија. Во интервју за бугарска агенција, патријархот Вартоломеј вели дека секој случај е посебен и така и се разгледува.

Во интервјуто, Вартоломеј ја брани одлуката да и` се додели автокефалност на украинската црква, велејќи дека, расколите во минатиот век се должат на тврдоглавоста на Руската црква да не ѝ дозволи црковна независност на Украина. На прашањето на новинарот, дали македонското барање  ќе биде ставено под негова директна надлежност, со оглед на тоа што околностите се речиси идентични со проблемот на Украина, патријархот не одговара директно.Вели дека, ваквата надлежност е привилегија, но истовремено и голема меѓуцрковна одговорност. За објавување на автокефалија, според него, не е потребен консензус со другите цркви.

По барањето на МПЦ, бугарската црква да и` биде црква мајка, и согласноста на дванаесет митрополити на чело со Неофит да ја застапуваат македонската црква пред останатите цркви,  Вселенската патријаршија апелираше до БПЦ, да не се меша во проблемите на клирот во Македонија. Со тоа, остави простор дека лично ќе се заложи за решавање на случајот, на што се надеваат и во МПЦ.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ