
Врховниот суд предизборно се загрижи од можни притисоци од партиите
Врховниот суд се загрижи. Поради последните протести од партиите на тема судство на последните седници врховните судии пабараа да има услови за независни и непристрасни одлуки на судовите без надворешни влијанија.
- Општата седница искажува загриженост од таквите и слични, евентуални идни однесувања на политичките партии, особено во изборен период и за предизборни цели, притоа апелира на воздржаност и соодветно комуницирање, без да се загрози независното и самостојно постапување на судската власт и судиите, соопштија од Врховен.
СДСМ ден по гласањето на законот за јавно обвинителство, организираше марш кој го нарече Чекориме за правдата, среќни што е донесен. Сега лидерот Зоран Заев побара Врховните судии да објават кој им правел притисок. ВМРО ДПМНЕ пак пред една недела организираше протест кој заврши пред Врховниот суд, со порака дека по изборите правдата доаѓа.
Инаку ВМРО ДПМНЕ претходно објави снимки на кои се слуша Заев како го споменва врховниот суд и екс специјалната обвинителка, кои ги протолкуваа како негово влијание врз судот. Европската комисија пак во мини извештајот нотираше дека има подобрување во правосудниот систем, а во дел од забелешките беше споменато и разрешувањето на претседателот на Врховниот и уште една судијка од таму.
Билјана Николовска