
Врховен расправаше за пресудата на Јанкуловска
Петмина судии од Врховениот суд денеска ја разгледувале пресудата на ексминистерката Јанкуловска за случајот Тенк. Од Врховен за Телма потврдуваат дека предметот бил рефериран, имало и дискусија но одлука денеска не е донесена. Дополнително друг ден ќе се одлучува и гласа . Судиите може да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите за Тенк.Со оглед на тоа што немаше закажано јавна седница ниту обвинетата Јанкуловска ниту медиумите можеа да присутвуваат на судењето, на кое се разгледува предметот и се чита жалбата.
Во октомври 2018 Јанкуловска доби 6 години затвор за злоупотреба на службеаната положба за набавката на блиндираниот мерцедес вреден 600 илјади евра. Во март 2019 Апелација и ја намали казната на 4 години затвор. Кривичен прифати да и ја одложи казната до 1 јули поради детето кое се уште немаше наполнето една година. Потоа и Врховниот суд во чии раце беше барањето за вонредно преиспитување на пресудата, и го одложи издржувањето на казната додека да одлучи по нејзиниот предмет.
Иако доби упатен акт за да почне со издржување на затворската казна Врховниот суд го прифати нејзиното барање и и дозволи.
Врховните судии треба да расправаат и за другите двајца обвинети во Тенк, на кои им се судеше во посебна постапка, експремиерот Груевски кој е во Бегство и Ѓоко Поповски кој е во затвор. Но тој предмет денеска не бил дошол на ред за судење.
Елена Ивановска Мукоска