
Врховен бара мислење за „Империја“ од државното обвинителство а не од СЈО
За куќниот притвор на Орце Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ, Врховен бара мислење од републичкото обвинителство кое го предводи Јовески а не од СЈО кое го води предметот „Империја“. Ова од врховен го објаснуваат дека е во согласност со мислењето кое го донесоа неодамна, дека СЈО не може да води истраги по истекот на 18 месеци од преземање на бомбите. Жалбите на тројцата осомничени од „Империја“ од вчера се во највиоскиот суд откако претходно апелација одлучи да им го продолжи домашниот притвор за нови 30 дена. За разлика од врховен, апеалција бараше мислење од обвинителството на Јанева.
Од редовното обвинителство велат дека трите мислења ги распоредиле на обвинители кои ќе треба да му одговорат на Врховен. Потоа кривичниот совет на највиоскиот суд ќе одлучува дали ќе ги пушти да се бранат од слобода.
Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков следниот месец ќе се жали пред врховен. До тогаш може да ја слушне и првата пресуда за еден од четирите предмети за кои го гони СЈО, но тоа ќе биде и прва пресуда по мислењето на Врховен.
А токму на начелното правно мислење денеска во завршен збор се повика и одбраната на Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, но и на дел од екс членовите на ДИК обвинети во „Титаник 2“. Бараат судот да донесе ослободителна пресуда затоа што обвинението било поднесено од неовластен тужител и рокот бил пробиен.
СЈО со инсинуации, претпоставки лажни и селективни докази но и со криење на докази направи правна конструкција на кривично дело. Наводната штета што ја најави СЈО на почетокот беше 146 илјади денари, за на крај, вештакот да утврди дека повторување на гласањето изнесува 26 011 денари, рече Ибраими.
Одбраната се повикаа и на аболицијата на Иванов и на одлуката на грчкиот врховен суд, посочувајки дека таа не може да биде ставена вон правна сила и дека ако судот ги осуди, таквата пресудата ќе падне пред меѓународен суд.
Елена Ивановска Мукоска