
Вратени уште 160 македонски граѓани од странство
Уште 160 македонски граѓани денеска се репатрирани од Брисел и Париз во земјава. Ова досега е 11-ти специјален лет откако на 22 март министерството за надворешни работи го организираше првиот чартер лет за враќање во земјата на граѓаните затекнати во странство поради пандемијата на ковид-19. Досега вкупниот број на репатрирани македонски граѓани е 2704.