
Вратени десетици Косовци од Сирија
Десетици државјани на Косово, меѓу кои и жени и деца, кои се наоѓале во областите опфатени со војна во Сирија, се вратија во Косово со авион кој слета на приштинскиот аеродром доцна синоќа. Косовските власти објави дека пристигнале 110 косовски државјани, а четворица од нив се борци.
– Денеска 20 април 2019 во раните утрински часови, 110 косовски државјани беа вратени од конфликтната зона во Сирија, четворица од нив се борци, 32 жени и 74 деца, вклучувајќи девет деца кои ги изгубиле родителите во војната, вели Решат Калај, шеф на косовската полиција.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку недели ги повика европските држави да ги вратат и да им судат на своите граѓани кои учествувале во војната во Сирија на страната на терористичката организација наречена Исламска држава (ИД).
Владата на Косово тогаш објави дека ќе дејствува како и другите земји членки на глобалната коалиција против ИД.
Повеќе од 400 косовски државјани се проценува дека заминале во Сирија во изминатите шест-седум години за да војуваат на страната на исламските екстремисти.
Над 70 од нив се убиени, додека голем број жени и деца останаа и натаму во воените зони.