Вработените во НП Галичица на протест против одлуката на Владата за нов директор

Вработените во националниот парк „Галичица“ утрово одржаа протестен собир, на кој искажаа незадоволство од одлуката на Владата за назначување на надворешно лице за нов директор на установата, без конкурс и одлука на Управниот одбор. Тие предупредија дека доколку биде сменет в.д. директорoт од редот на вработените, шумарскиот инженер Андон Бојаџи, ќе биде загрозена обезбедената финансиска помош од меѓународни фондови, со која паркот непречено може да функционира во наредните 10 години, потсетувајќи дека поради истите причини НП Пелистер изгубил 3 милиони евра од европските фондови.

Вработените во паркот бараат објаснување зошто се вршат промени пред седницата на УО на установата закажана за четврток, на која требало да се донесе одлука за распишување оглас за избор на директор, и бараат да се испита целокупната процедура.

Со одлука на владата, за нов директор на НП „Галичица“ назначен е Васко Паскали, по вокација правник и актуелен секретар на ОО СДСМ Охрид. Дознаваме дека тој со решение денеска дошол на новото работно место, но вработените во установата најавија дека нема да ги извршуваат работните задачи се додека не се расветли случајот.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ