
Вработените во Еурокомпозит со блокади пред Собрание
Исплата на две полни плати и обезбедена работа за континуирано производство, ова е новата понуда што владата попладнево им ја даде на вработените во Еурокомпозит. На средбата со вицепремиерот Кочо Анѓушев им било посочено дека ова е најповолната понуда што може да ја добијат и дека за неа не им треба писмена гаранција.
Новото ветување им отвори многу дилеми на работниците. Мнозинството меѓу нив ќе одлучи дали понудата ќе се прифати или ќе продолжат да кампуваат во шаторите поставени во паркот спроти владата
Новиот предлог на владата уследи по денешната радикализација на штрајкот на вработените и блокирањето на булеварот Илинденска. Со свирење и извици „сакаме живот“ потсетија дека се сериозни во намерата да штрајкуваат се дури не се најде трајно решение за Еурокмпозит.
Според денеска даденото ветување, нема долго да се чека за трајно решение за Еурокомпозит. Проблемот ќе се решава со модел сличен на Фени. Според владата веќе има 3-4 фирми заинтересирани за купување на фабриката кои ќе треба да поднесат план за реорганизација на производството и да ги подмират сите побарувања кон вработените.
Виолета З. Стојановска