Вработените од „Еурокомпозит“ го радикализираат штрајкот пред влада

Вработените од фабриката Еурокомпозит го радикализираат штрајкот пред владата. Дополнителни 50 вработени пристигнаа да им се придружат на колегите во штрајкот, и најавија дека од 11 до 12 часот ќе ја блокираат улицата пред владата.

Тие не го прифаќаат временото решение кое вчера им беше понудено, со заем од ЕЛЕМ и МЕПСО да им се исплати дел од платата и  да се набават репроматеријали. Велат дека тоа не е решение за нивниот проблем туку само уште една лага во низата дадени ветувања. Рокови за изнаоѓање трајно решение за овој голем загубар нема, но владата уверува дека е  свесна за тешката состојба во која се наоѓаат и компанијата и вработените. Велат дека при крај е анализата за состојбата на Еурокомпозит, веќе има заинтересиран купувач, а дел од вработените ќе одат технолошки вишок.

Сепак, вработените во прилепски Еурокомпозит остануваат во шаторите пред влада, во обид да ја потсетат на ветувањата што им ги даде пред два месеца за исплата на 18 заостанати плати и придонеси за 6 години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ