Вработените и сметките на СЈО заглавени меѓу ДУИ и СДСМ

И СДСМ и ДУИ се за решение на долговите на СЈО и кон вработените и за струја вода кирија парно, но никој не открива кога ќе се реши. Месец и половина стои во фиока дополнувањето на Законот за јавнообвинителска служба со кој потпис на исплатите би ставил обвинителот Љубомир Јовевски а не Катица Јанева која е разрешена и во притвор.

Вчера Телма објави дека ДУИ го блокира процесот откако сака измената на законот да се носи во пакет со Законот за јавно обвинитлество. Тој пак е блокиран со неуспешните преговори.

Инаку две плати и сметки на СЈО се неплатени по разрешувањето на Јанева и обвинителите. Законот за СЈО не предвидел ваква ситуација во која ќе нема кој да стави потпис во институцијата која се уште опстојува. Најголем проблем е сигурноста на прислушкуваните разговори особено ако ЕВН ја исклучи струјата и бара да се иселат од нејзината зграда, која сега е ја користат со кирија. Од ЕВН велат дека и покрај тоа што си ги штитат интересите ќе имаат разбирање за сензитивноста на ситуацијата. 

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ