
Вработенинте во Македонска пошта бараат повисоки плати
Поштарите бараат поголеми плати. Синдикатот на македонска пошта очекува покачуње сите вработени во пошти и подобри услови за работа. Како што тврдат синдикалците со години зимаат иста плата, а вредноста на бодот е намален веќе 12 години. Тогаш им кажале дека намалувањето на бодот е привремено, само за 6 месеци, а до денес ситуацијата е иста.
Вработените во македонска пошта се пожалија дека немаат основни средства за работа, потребни им се нови униформи , мопеди , компијутери.
Директорот на македонска пошта, Ејуп Рустеми им одговори на синдикалците. За Телма вели дека македонска пошта е во загуба, минатата година ја затворила со речиси 3 милиони евра помалку. Годинава, според Рустеми и покрај тоа што има мали подбрувања, се уште е рано да се знае кога ќе може да се покачат платите на вработените.
На денешшниот прес синдикалците побараа владата да се вклучи во решавање на проблемоот и сакаат средба со премиерот.
Теодора Цветковска