
Вработени во М-нав ги напуштаат раководните позиции
Две недели откако јавното обвинителство одлучи да ја истражува тендерската набавка на радарски систем и отвори предмет по допрен глас во М-НАВ позицијата извршен директор на Секторот за водухопловна техника ја напушта Александар ПАлчевски.
Водел сектор со неквалификуван и несоодветен кадар, а во оставката се напишал дека се сомена во намерно кочење на процеси за модернизација за кои во медимите беа објавувани и аудио снимки.
„Воедно, имам чувство дека дел од проектите се кочат, како на пример дозволата за изградба на АТМ системот, што е вон од контролата на М-НАВ, без притоа да се согледаат последиците од истото – изјави Александар Палчевски, извршен директор на СВТ и член на управниот одбор.“
Набавката на новиот систем, од фирмата „Леонардо“ е во втора фаза а почетокот на функционирањето зависи од изградбата на новата контролна кула, процес кој е заглавен поради немање локација.
Најоптимистичките прогнози се дека ќе биде функционален на почетокот на 2021 година иако според извештаите на М-НАВ постечкиот систем кој датира од 2002-та е одамна застарен.
„Леонардо“ освен во М-НАв и ЕБОР сега е предмет и на јавното обвинителство и државната комисија за спречување корупција откако генералниот секретар на владата Драги Рашковски јавнсота го слушна во тајна аудио снимка како разговара на тема набавка и избор на понудавач за но радарски систем. Рашковски, користеше и навредливи зборови, се извини, рече дека не се мешал во тендерот, и не поднесе оставка ,а за него милост побара и премиерот Зоран Заев.
Јавното обвинителство се занимава и со наводните инциденти над македонските неба кога затаил застарениот радарски систем.
Алармот го вклучи министерот за транспорт и врски Сугаревски кој најави итна набавка на опрема вредна 13 милиони евра.
Нов директор на местото на Палчевски ќе предложи владата, а ќе го избира урпавниот однор предводен од Николче Тасески кој денеска е недостпане за коментар.
Од извори во М-НАВ, контролата на летање ја напуштиле и заменик диретор, началникот на обласната контрола, и уште тројца раководни лица.
Павле Беловски