Вработени во Фондот за здравство најавуваат штрајк

Вработени во скопската подрачна единица на Фондот за здравствено осигурување се заканија со штрајк.

Ќе ги затворат шалтерите доколку до четврток не договорат повисоки плати. Ова за Телма го потврди претседателот на УПОЗ, Пеце Груевски.

Тие реагираат дека се најниско платени административци.  Одговор од раководството на Фондот очекуваат утре, во спротивно во четврток стапуваат во штрајк.

Од Фондот пак за Телма велат дека платите не се во нивна надлежност.  Топката ја префрлија во Министерството за финансии и се воздражаа од коментари по барањата на вработените во подрачната единица на Фондот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ