Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Вработен во ЈСП е заразен со коронавирус, потврдија денеска од компанијата. Станува збор за вработен кој не бил вклучен во јавниот превоз туку бил дел од техничкиот персонал, однонсо задолѓен за паркирање на возила и имал ограничен контакт со останатите вработени.
Од ЈСП информираат дека инфицираното лице навремено е хоспитализирано и посочуваат дека не бил во контакт со колегите повеќе од две недели со оглед на примената на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.

„Уште пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик“, соопштија од ЈСП.

Оттаму додаваат дека сите возила вклучени во јавниот превоз секојдневно дополнително се дезинфицираат  и се прават напори на вработените лица да им се обезбедат заштитини маски, ракавици и средства за дезинфекција.

„Согласно превентивните и заштитните мерки донесени од Владата на РСМ, 179 лица се ослободени од работа, поради хронични заболувања, бременост, родители на деца до 10 години и слично. На сите лица кои влегуваат во автобазите (работните простоии) на ЈСП-Скопје им се мери телесната температура, а на сите вработени кои не се потребни во режим на намален интезитет на работа им се сугерира да ги користат старите годишни одмори. Дирекцијата има скратено работно време, воведено е ротационо работење, дел од билетарниците и центрите за персонализација се затворени или работат скратено, така да се превземени сите можни превентивни и заштитни мерки“, се вели во соопштението на ЈСП.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ