Возилото на министерот Хусни Исмаили имало сообраќајка, нема повредени

Без повредени лица, но со материјална штета поминала сообраќајна незгода попладнево на автопатот Тетово – Гостивар во која во едно од возилата патувал министерот за култура Хусни Исмаили кој живее во Тетово. Сообраќајката се случила околу 16.30 часот во близина на тетовската наплатна рампа.

– Се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „пасат“ во кое имало две лица и камион-влекач управуван од Е.К (55) од Гостивар. „Пасатот“ е со скопски регистарски таблички, сопственост на Владата, а камионот со гостиварски ознаки. Немало повредени, но е предизвикана материјална штета, информираат од СВР Тетово.

По сообраќајниот инцидент започнат е увид од  полициски службеници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ