Возило со мигранти удрило во камион и се самозапалило- има повредени

Возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија -Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Во несреќата, како што потврдуваат од полицијата, има повредени лица.Моментално на местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и полицијата, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ