
Возач во „Дурмо Турс“ потврди дека во автобусот имало копче за манипулација со бризната на возење
13 фебруари тројца возачи на „Дурмо турс“ за качиле рано изутрината во Гостивар и тргнале накај Скопје. Зад воланот бил сега обвинетиот Мануил Трифуновски а неговиот колега Џемаил Салии имал задача да го врати вториот автобус во Гостивар. Со солзи во очите и долги паузи, како сведок на денешното рочиште, успеа да се присети дека тој ден автобусот со број 864 нема дефект, а неговиот колега Трифуновски се чувстувувал одлично. На прашања на обвинителот тој, пак, ќе потврди дека знаел дека во два автобуси меѓу кои и оној кој излета од авотопатот, имало уред кој наместо реалната брзина на тахографот отчитувал помала. Не знае кога е псотавен, но потврди дека без знаење на обвинетиот Ремзи Мифтари како одговрен за возачите и автобусите не можеле да смени ниту гума во фирмата.
Од левата страна имаше уред следење на брзината. Копче за вклучување и исклучување за манипулација со тахографот. Целтта му беше да ја намали бризната на тахографската лента. Од кога го добив автобусот да го возам тој уред беше таму,
сведочеше Салии.
Обвинителот Дарко Јакимовски бараше одговори и за работењето на претпоставените во „Дурмо трус“, на што сведокот Салии одговораше дека за еден ден добивале по еден патен налог, самите шофери го пополнувале и се договарале кој во колку часот ќе вози, а за тоа, рече, немало потреба некој да ги контролира и да води евиденција.
Возачите сами ја пополнувале и тахографаката лента и сите возачи на истиот автобус во еден ден наместо посебни, имале по една заедничка лента. Лентите ги чувале во автобус, а никој никогаш, ниту одговорното лице, ниту сопственикот на „Дурмо Турс“ не им укажал дека ги пополнуваат правилно, иако законскиот рок бил да се доставаат најдоцна до 30 дена.
Местото на пултот на Салии му го отспати сведок, возач кој секунди пред несреќата возел зад црвениот автобус. Добил впечаток дека автобусот завлегува во десната лента, но потврди дека брзината со која тој возел зад него била околу 70 километри на час. Потресни беа сведоштвата на преживеаната во несреќата Вјолца Ибраими која заедно со возачот Трифуновски биле првите спасени луѓе од несреќата, од жителот на Ласкарци, Музаефер Зибери.
Во автобуската несреќа кај Ласкарци попладнето на 13 февруари годинава загинаа 16 патници, а 37 беа потешко повредени. Во случајот обвинети сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Мануил Трифуновски за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело.
Павле Беловски