
Возач од Итната помош од Пехчево е првиот заболен во овој град, вкупно нови 18 дијагностицирани и 21 оздравени
Возач од Итната медицинска помош од Пехчево е првиот заболен во овој град. Тој сам објави на социјалните мрежи откако покрај со болеста се соочил и негативни коментари во јавноста. По ова дел од пријателите и јавно му дадоа поддршка на неговиот фејсбук профил.
Телма разговораше со него и ни раскажа дека минатиот вторник го добил првиот симптом со температура од 37 со 4. Потоа се самоизолирал и се тестирал. Изминатиот период бил или дома или на работа во здравствениот дом но транспортирал пацинети и во други градови, во болницата во Кочани, во „8-ми септември“ и во Клиниката за онкологија и други болници, но носел заштитна опрема. Ни кажа дека како вработен во здравствениот сектор и до сега а и кога ќе оздрави, ќе продолжи да помага и порача дека не треба да се стигматизираат заболените од корона.
Се огласи градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски кој на социјалните мрежи апелираше да не се шири паника и дезинформации помеѓу граѓаните. Во услови на светска пандемија мораме да ја прифатиме реалноста дека вирусот побрзо или побавно ќе дојде и на територијата на општина Пехчево, им порача на сограѓаните.
Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин.Идентитетот на инфицираното лице воопшто не е важен. Отфрлањето од заедницата на лицата кои се тестирале е неетичко. Наместо тоа, да покажеме солидарност и искрени желби за брзо опоравување на сите инфицирани со корона вирусот, рече Драган Тренчовски, градоначалникот на Пехчево.
Новодијагностицирани на корона денеска има уште во уште 6 други града. Најмногу во Куманово – 9 ,Скопје Штип и Тетово по 2, Велес и Гостивар по 1, Или вкупно за еден ден 18 а вкупно до сега 1225. Најмногу заболени има во Скопје 411, Куманово 338, Прилеп 117 . Последнитот денонкие починале тројца пациенти хоспитализирани во Инфективна и 8 септември,
На Клиниката за инфективни болести почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина, соопштуваат од Министерството за здравство.
Здравствеиот билтен бележи и нови 21 излекуван од корона кои се лекувале дома со што бројот на оздравени е 200. 109 заболени од ковид се хоспитализирани во 4 те болници, инфективна, 8ми септември во Штип и во Битола. Изминатото денонокие биле направени и 263 теста.
Елена Муковска