
Вонредна ситуација, вонредни предизвици за родителите на деца од предшколска возраст
Раздразливост и инаетливост се најчестите реакции кај децата поради актуелниот карантин за заштита од КОВИД 19.
Позитивните емоции и креативноста во најголем дел да можат да придонесат за надминување на стресот и стравот кој е подеднакво присутен и кај децата кои го манифестираат на начин адекватен на нивната возраст, сметаат стручњаците.
Вонредна ситуација и мерки кои ќе потраат, за доброто на сите нас, велат надлежните.
Вонредна ситуација и за родителите на децата во предшколска возраст на кој начин да му се објасни стравот на детето, страв кој и нив ги измачува.
Децата не можат да ја разберат промената зошто морат да бидат дома и нивниот револт да го манифестираат преку однесувањето. И така да станат непослушни и инаетливи, родителите да разберат дека детето ја изразува вака својата напнатост или досада, вели прим др Мери Бошковска, психијатар за деца и млади.
Градинките ги понудија своите решенија за активности на децата за време на домашната изолација, сепак во најголем дел се е оставено на креативноста на родителите, вели Бошковска.
Позитивните емоции може да придонесат за опоравување од стрес и оптимизмот дека ова ќе помине и дека повторно ќе се вратиме на нашите стари рутини. Децата треба да го слушаат ова и да веруваат дека тоа таќа ќе биде. Всушност и психолошката отпорност е поврзана со социјална поддршка, оптимизам и самодоверба, смета доктор Бошкова.
Со свои препораки за заштитата на децата за време на пандемија на заразни болести излегоа УНИЦЕФ и многу невладини здруженија кои апелираат родителите да бидат внимателни за последиците бидат сведени на минимум.
Нина Стефанова