Вонредна седница на Стопаска комора

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи вонредна седница за најавеното прогресивно оданочување и ефектот од оваа мерка врз работењето на деловните субјекти.

На седницата ќе учествуваат и потпретседателите на комората, како и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според владионот предлог за месечен приход од 90.000 денари ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти. Мерката треба да стапи во сила од 2019 година, а, како што истакна Тевдовски, со неа ќе се постигне т.н. праведно одданочување кое Владата го вети во предизборната програма. Пораките до Владата од стопанската комора се да не избрзува и бараат реформата да ја одложи за пет години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ