
Вонреден министерски состанок на НАТО поради Ковид-19
Здравствената криза да не прерасне во безбедносна криза е она на што НАТО мора да продолжи да работи во услови на пандемија, порача денеска генералниот скретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на утрешниот вонреден состанок на министрите за одбрана на Алијансата на кој ќе се решава за идните чекори на НАТО како одговор на Ковид-19.
На утрешниот состанок, како што информираше Столтенберг, ќе се разговара и за тоа како да се одржи одвраќањето и одбраната на НАТО и мисиите и операции во текот на пандемија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска информираше за ангажманот на Алијанасата од почетокот на пандемијата при што ја спомена и помошта која неколку змеји-членки и ја сипорачаа на наша земја, како САД, Чешка, Унгарија, Холандија, Словенија и Турција.