
Волонтери од Црвен крст ќе им помагаат на болните во Клиничкиот центар
Волонтери од Црвен крст на Град Скопје во следните три месеци ќе помагаат да не се создава голем метеж во болниците во кругот на Клиничкиот центар.
По двајца волонтери на секој оддел ќе ги насочуваат пациентите коишто лутаат и не знаат каде да се упатат. Пилот проектот ако се покаже успешен ќе се практикува и во иднина.