
Водителката Лила Филиповска не открива детали од распитот за „Рекет“
Водителката Лила Филиповска утрово беше на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи е повикана на распит за случајот „Рекет“.
По излегувањето од таму таа не откри детали околу тоа за што најмногу ги интересирало обвинителите, кратко одговори „не можам да кажам“.
Филиповска му е блиска пријателка на Боки 13 и таа беше со него на денот кога полицијата го уапси на граничниот премин Богородица во обид да ја напушти земјава.