Водителката Лила Филиповска на двапати дала пари – донации за 1ТВ

Водителката Лила Филиповска во својот исказ како сведок на рочиштето за Рекет рече дека сега со Бојан Јовановски не се пријатели, но дека во два наврати, првиот пат 25.000 евра и вториот 8 илади евра- донации за телевизијата.

Дека тие порано заедно оделе на одмори и кога бил уапсен лани во јули биле тргнати за Миконос, но тој одмор не се реализирал и не се знаело кој ќе го сноси трошокот.

На денешното рочиште сведочеше и газдарицата на салонот од кај што купувале мебел за 1 тв, а таа на сликите го препознала дека всушност тоа е истиот мебел кој полицијата го заплени од станот на Јанева и кој се споменува во обвинението како дел од рекетот. Адвокатката Фрчкоска смета дека е доволен доказ што се слушнало дека мебелот е платен.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ