
(во живо) Прес конференција на помошникот државен секретар на САД, Рикер со премиерот Заев
Работната посета на вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој ќе се сретне со државниот врв, можете да ја проследите на Фејсбук страницата на Телма.
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/504232776989514/
Темите на кои Рикер ќе се задржи, според најавата на Стејт департментот, се билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО. Во меѓувреме, Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.
Ова го потврди и министерот за надворешни, Никола Димитров, на својот ФБ профил, со заедничка фотографија со помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер. Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.