Во земјава се донирани 90 респираторни машини од други држави и подготвени сме за втор пик

Повеќе нема да има набавка на нови респиратори во земјава за борба со корона вирусот процениле властите. Обезбедени се доволно такви машини преку донации од други земји, изјави денес вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Првиот бран на болеста не го преоптовари здравствениот систем. Здравствените установи се подготвени и за евентуални нови бранови на заразата во следните месеци, како што предупредија и епидемиолозите.

За да го зајакне и поткрепи здравствениот систем во кризни времиња, државата има вкупен заем од околу 400 милиони евра од Светска банка, ММФ и од Европската унија. Токму, пак, Европската унија денес одржува самит во Загреб на кој се најавени 3,3 милијарди евра помош за западен Балкан.

30 милиони евра помош ќе бидат распределени за помош на малите и средни претпријатија кои се едни од најпогодените од кризата предизвикана од светската пандемија.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ